Вести Македонија

Сите се мобилизирани за санација на рудниците во РЕК Битола

Рударите и останатите вработени во РЕК Битола ги прекинаа годишните одмори и сите се мобилизираа за  санација на рудниците во комбинатот по елемтарната непогода и поплавите што се случија деновиве.

Сите вработени се на своите работни места, нема годишни однмори, слободни денови, викенди, празници. Сите вработени се мотивирани и се во служба во справување со оваа вонредна сосотојба во рудниците, посебно во рудникот Суводол, изјави Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ 

Покрај површинскиот коп поплавена е и механизацијата. Дел е веќе извлечена, но дел е се уште се под вода. Во моментот во прекин е ископот и транспортот на јаглен, но, има доволно резерви за следните 10 дена  и производството на струја се одвива непречено, смируваат од комбинатото.

Успеавме во функција да ставиме еден од багерите, очекуваме до крахјот на викендот, односно до утре да ставиме во функција еден значаен багер со својот претоварен уред и на тој начин да го обебзедиме континуираното снабдување на термоелктранта и да го одржиме нивото кое сега го имаме на депонија што е сосема вообичаена количина во летниот период,  вели Златко Ќурчиевски, директор на РЕК Битола.

Дсоегашните активности се изведуваат со сопствени ресурси, а доколку е потребно за санирање на сосотојбата ќе се вклучи и Армијата, но и други институции кои имаат капацитет за справување со вакви сосотојби.

Сосотојбите се подобруваат, се испумпува водата, се отсранува калта и се подготвува терен за поставување на багерските единици. Исто така во контакт сме со компаниите во сосотедстовот , посебно компаниите кои имаат иксуство со вакви елеменатрни непогоди, поседбно со нашите пријатели од рудниците во Колубара во Србија, рече Васко Ковачевски, генерален директор на ЕЛЕМ

Во моментот комбинатото работи со еден од вкупно 3 термоблока. Веднаш кога ќе се ослободи механизацијата и ќе  продолжи ископот на јаглен, ќе се зголеми и производството на електрична енергија.

Штом тоа се направи веднаш ќе се вклучи вториот блок, а третиот блок ќе се вклучи на почетокот на зимската сезона, после капиталниот ремонт, а тоа е од 1 декември, рече Ќурчиевски 

Рудникот Суводол е поплавен трипати во изминатите два месеца, а од комбинатот велат дека ваквите елементарни непогоди имало и во минатото. Поради оваа состојба  нема да се зголеми производствената цена на струјата, а штетите ќе се надоместат преку осигурителните компании, уверуваат од комбинатот.

 

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе