Министерството за образование, експертите, родителите и синдикатот на наставниците се уште дебатираат како би почнала учебната година од 1 септември. Додека се прават анализите, протоколите, платформите, Трајче Димов долгогодишен наставник од прво до петто одделение, а сега директор на штипското основно училиште Гоце Делчев“ смета дека здравјето и безбедноста на децата треба да бидат на прво место, но за да учениците од прво до трето одделение ги научат буквите, читаат и да почнат со основните математички операции потребно е нивното физичко присуство во училниците.
Се уште се одвиваат и уписите на првачињата во основните училишта. Во мај само едно штипско училиште ги има пополнето слободните места за прием на првачиња, останатите четири ги немаат и таму уписите се во тек. Наместо 600 првачиња, годинава се очекува Штип да има над 400.
Дестина години наназада источниот регион се соочува со намалување на бројот на децата во училиштата. Само лани од предвидените се запишаа вкупно 11 паралелки помалку, односно првачињата наместо да почнат со учебната година во општините, каде се родени, во училишните клупи седнаа онаму каде што се иселени во Италија, Словенија, Шавјцарија, Германија или скандинавските земји.
Викторија Јованова