Вести Македонија Најважни

СДСМ и ДУИ ги договорија начелата за нова Влада

СДСМ и ДУИ си подадоа рака за идна влада. По три дена преговори, попладнево ги договориле начелата за она што ќе треба да ги обедини. Мир, стабилност, безбедност и соработка во земјата и регионот, здрави меѓуетнички и соседски односи, економски развој, правна држава, чиста животна средина и општествена благосостојба. По сребата на Заев и Ахмети, која се одржа пред неколку дена во собранието, разговорите со утврдување на деталите ги продолжија вторите луѓе во партиите. Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби утврдиле стабилен, четиригодишен мандат, како и тоа дека Македонија нема друга алтернатива за интеграција, освен членство во НАТО, и ЕУ.

Целосно сме согласни за  почитување на Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор.  Посветени сме на социјална кохезија, силно и толерантно општество, владеење на правото и согласни сме да се спротиставиме на сите форми на национализам и омраза, се вели во заедничкото соопштение. 

За да ги испорачаат програмските определби во новата евентуална коалиција, СДСМ и ДУИ ќе предложат квалитетни и отчетни кадри од двете страни. Правосудството, исто така било тема, за што партиите се согласиле да има прочистување.

Потврдивме дека партиите се согласни на прочистување на правосудството и на проверка на потеклото на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе биде договорен.

 

На терен за парламентарно мнозинство, работи и ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски се сретна со Ахмети, но детали од оваа средба се уште нама. Се појави информација дека се договориле Лазар Еленовски да биде ротирачки премиер. Но, портпаролот на ДУИ, Османи, демантираше.

Со 15-те пратеници на ДУИ и 46-те на СДСМ, како и еден на ДПА, оваа коалцијата би имала 62 пратеника, со што е неизвесно колку ќе биде стабилна. Останува се уште дилемата дали би им се приклучиле и другите две албански партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои по кусите средби со лидерите на македонските партии, ги ставија преговорите на почек до исходот од преговорите на ДУИ.

Сепак, според последните изјави од Алијанса и Алтернатива, но и извори од ДУИ, мали се шансите да се направи влада со двете албански партии. Ахмети ќе се обиде викендов да ги разубеди лидерите на албанските партии да застанат зад него, но се уште нема одговор од Села и Гаши дали ќе прифатат, а јавно и натаму му порачуваат на Ахмети да оди во опозиција.

Претседателот Стево Пендаровски најдоцна другата сабота треба да го додели мандатот на оној кој прв ќе направи мнозинство.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе