Македонија Топ тема

„Преговорите се во тек“ трет ден

„Преговорите се во тек“. Ова е единствениот одговор што јавноста го добива трет ден по ред откако официјално почнаа преговорите за влада. СДСМ денеска го испратија речиси истото соопштение од вчера во кое велат дека се во тек сериозни разговори за формирање на влада која обезбедува грижа за сите подеднакво.

Не се откриваат детали од средбата на Заев со Ахмети, а ниту од противничкиот табор не се разговорливи на таа тема. Нема детали ниту од средбата на Мицкоски со Ахмети.

Од ДУИ денеска молчат. Вчера портпаролот Османи ја демантираше информацијата дека со ВМРО-ДПМНЕ се договорени, Лазар Еленовски да биде ротирачки премиер. Рече дека тие си имаат кандидат за премиер и дека не исклучуваат ниту една партија од преговорите.

Средбата на Ахмети со Заев, според него, била конструктивна и надежна, но не и одлучувачка за успешен епилог. Најмногу се разговарало за враќање на изгубената доверба за време на изборната кампања, во која и двајцата си упатуваа остри пораки еден на друг. Најави можно решение, кое според него, би било оптимално и за граѓаните и за државата.

Алијанса за Албанците и Алтернатива по кусите средби со лидерите на македонските партии, ги ставија преговорите на почек до исходот од преговорите на ДУИ.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе