Македонија Најважни

Пронајдено телото на момчето кое исчезна во Преспанското езеро

Специјалната единица нуркачи на МВР кои се вклучија утрово околу 14 часот го пронајдоа телото на 16 годишното момче кое исчезна во водите на Преспанското езеро во неделата. Потрагата траеше речиси два дена, а овој трагичен настан,  повторно на површина ја исфрли негрижата и непочитувањето на законите за  безбедноста на плажите и пловните објекти. Во туристичката населба Претор, како и на други плажи низ Преспа, нема сапасувач, иако секој концесионер има обврска да ангажира најмалку еден, вели координаторот на спасувачкиот тим од битолскиот Црвен Крст, Александар Ацев.

Брзината значи многу за да се спаси човечки живот. Колку побрзо се извлече телото, толку побрзо може да се реанимира, да се поврати човекот. Во овој случј немаше обебзедување на плажата и немаше спасувач, рече Ацев

Ацев е и професионален нуркач, член на  клубот „Врело“ од Скопје, кој завчера прв пристигна на местото и ја започна потрагата по младото момче, а подоцна му се приклучија уште неколку колеги. Настанот се случи во  неделата околу 18 часот кога тројца другари изнајмиле педалинка во Претор и запловиле во езерото на одалеченост од брегот од 400 метри и длабочина од 6 метри.

Кога стигнав на лице место ми кажаа дека децата се забавувале на педалинкта, рипале, а не биле добри пливачи. Најверојтано едно од децата не успеало да се дофати до педалинката, па така се случи немилиот настан, вели Ацев

Иако според законот  секој патник  на секој пловен објект мора да носи елек за спасување, момчињата немале,  а Ацев вели дека педалинките спаѓаат  во најнезбезбедните пловни средства кај нас.

Немале елеци за спасување, а тоа е главен проблем за сите пловни објекти во езерата кај нас. Без разлика колку е некој искусен со управување на чамец или педалинка, елекот е исклучително важен за безбедност на патниците, вели Ацев

Нуркачите од „Врело“ пребаруваа повеќе од 15 часа во ноќни услови и специфичен  терен.  Вчера и денес потрагата ја продолжија полициските нуркачи, а по 44 часовна потрага, телото било пронајдено  на потегот каде нуркачите пребаруваа во изминатите два дена, заплеткано во густите езерски треви. Речсиси и да нема сезона во Преспа без ваква несреќа

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инаугурацијата на Силјановска Давкова во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

Мицотакис кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите се следат со загриженост

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе