Македонија Најважни

Почнува трката за мнозинство во парламентот

Собранието ја одржа конститутивната седница со што и официјално почна трката за формирање на парламентарно мнозинство и Влада. Одморите завршија а СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ стартуваат со преговори со партиите од албанскиот блок

Претседателот на СДСМ најави дека средбите почнуваат веднаш и дека тој лично ќе се сретне со сите претседатели на праламентарните партии од албанскиот блок. Средбите ќе бидат на повеќе нивоа, а клучно е да се отстрани националзмот. Исходот од преговорите го очекува за 10 до 15 дена. Тој додаде дека СДСМ може да оформи парламентарнио мнозинство и со ДУИ и со Алијанса и Алтернатива и нагласи дека со 15 мандати премиер не се добива.

Тој додаде дека верува дека ќе формира стабилна Влада која ќе има мандат од четири години и која ќе ги реши економските проблеми во државата ослободена од проблемите во надворешната политика кои според него веќе се решени. Фокусот ќе биде на преговорите со ЕУ а новата Влада ќе има помалку членови во кабинетот бидејќи би се укинале голем број од министрите без ресор а ќе има реформа и во администрацијата која треба да се намали и да биде поефикасна.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека во следниот период исто така ќе зачестат средбите со претставниците на партиите од албанскиот блок, но и со партиите од Коалцијата предводена од СДСМ. Владата која би ја предводела ВМРО-ДПМНЕ би се фокусирала на вистинските проблеми и на епидемијата со коронавирусот.

Мицкоски се согласи дека е потребна стабилна Влада која ќе има мандат од четири години  а во која ќе бидат луѓе кои немаат дамки во минатотот.

Обединување на албанските партии во парламентот најверојтано нема да има. Ставот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива е јасен. Ќе учествуваат во мнозинство и Влада само доколку ДУИ не е таму.

ДУИ пак ретерираше во ставовите и пред се во барањето на премиер Албанец. Бујар Османи, во интервју за косовска телевизија соопшти дека партијата очекува покана од СДСМ за формирање на ново парламентарно мнозинство веднаш по конституирањето на Собранието, но не ја исклучува и можноста за коалиција со ВМРО-ДПМНЕи додаде дека нивниот предлог за премиер е симболичен.

Според член 90 од Уставот, претседателот Стево Пендаровски е должен во рок од 10 дена од конституирањето на законодавниот дом, да го довери мандатот за состав на Владата на кандидат на партијата, односно партии што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, треба да поднесе програма и предлог состав на Владата до Собранието.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инаугурацијата на Силјановска Давковка во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

Мицотакис кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите се следат со загриженост

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе