Македонија Најважни

Конститутивна седница на новото Собрание

Собранието денеска на првата конститутивна седница ги избра претседателот и членовите на Верификациската комисија, која на паузата што ја даде претседателот во претходниот состав Талат Џафери, кој ја води седницата, треба да го разгледа извештајот на ДИК за спроведените предвремени парламентарни избори.

За претседател на Комисијата на предлог на Џафери беше избрана пратеничката Јагода Шахпаска, а за членови пратениците Изет Меџити, Благица Ласоска, Соња Мираковска и Сафие Садики Шакини.

Го молам претседателот на Верификациската комисија да свика седница на која ќе го разгледа извештајот на ДИК за спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија одржани на 15 јули 2020 и дополнително да поднесе извештај со предлог за верификација на мандатите, рече Џафери.

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав се одржува во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19. На оваа седница од 120-те пратеници не присуствуваа само тројца, Арбр Адеми кој има Ковид-19, Мендух Тачи и Александар Вељановски.

Димитар Апасиев од Левица го почна мандатот воздржан. Гласаше воздржано и за дневниот реди за верификационата комисија.

Трета и четврта точка се избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инаугурацијата на Силјановска Давкова ќе се одржи денеска во Собранието

Дејан Дејан

Инаугурацијата на Силјановска Давкова во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

Мицотакис кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите се следат со загриженост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе