Вести Македонија Најважни

Кривични пријави за организаторите на журките во Градиште

Од една страна туристите и угостителите, од другата полиција и инспекторите. Подивеани млади луѓе на плажите ов Охрид и гласна музика, но и стотици прекршувања на мерките се гледаат во видеата кои одекнаа на социјалните мрежи.

Охрид врие трет ден откако туристите навалија и ги загрижија властите дека непочитувањето на мерките против Ковид заразата ќе ја рашири пандемијата. Петмината државни пазарни инспектори биле недоволни, па од вчера напомош им пристигнале 16 колеги од Гостивар и Скопје. Епилогот по 24 часа бил 2 кривични пријави за организаторите на забавите на плажите 2 и 3 во Градиште. Инспекцискитие тимови упаднале во сите кафеани, ресторани и објекти на плажите. 17 заработиле парични казни. Инспекторите се згрозени од однесувањето на младите туристи и нивното однесување, а најмногу непочитувачи на мерките уловиле кај закупците на педалинки, чадори, лежалки и други реквизити.

Битката за безбеден град продолжил и преќу ноќтта. Полицијата ја презела обврската и делела казни по парковите, на кејот и улиците.

„Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 170  прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-90, Струга-46, Кичево-30, Дебар-04). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.“

Недвосмислена порака на несовесните туристи вчера им испрати преку социјланите мрежи и миниситерот Венко Филипче, дека леѓалката лесно може да се замени со болнички кревет ако не се почитуваат препораките.  Инспектори продолжуваат и денеска со мешани тимови од другите градови но со нови проблеми, бидејќи не секаде имаат надлежност за постапување. Туристите наместо на плажите кои што се во склоп на хотелите, и каде што има протоколи, одат на таканаречените ,,диви” плажи, и се групираат без маски на себе.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе