Македонија

Пендаровски: Граѓанското помирување основен услов за функционирање на демократско плурално општество

На 76 години од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание, денеска во Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски, кој истакна дека Втори август е исклучителен повод да се потсетиме и на историското и современото значење на илиденската кауза. Во говорот пред присутните во Пелинце, претседателот рече дека таа историска епопеја не е само борба за слобода протв тиранијата, Илинден и Крушевскиот во 903-тата и Асномскиот во 44-тата се уникатни по својот карактер, исто како што е единстевна и државата и нејзиниот пат кон независноста од 91-та до денес.

Во ерата на националните романтизми и национализми, Илинден, рече претседателот, беше и остана симбол на неспорно изрзената волја за своја држава, заснована врз републикански и демократски начела и слободниот живот на сите етнички и верски заедници во неа.

Пендаровски посочи дека повеќе од еден век, Крушевскиот манифест и 76 години подоцна од декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓанинот на демократска Македонија не престануваат да не инспирираат од потфатот на тогашните револуционери, нивната борба за човечки правдини, која ги спојува хуманизмот, космполитизмот и солидарноста и ги поставува како темелно начело и врзивно ткиво на македоската државност.

Нивната визија за меѓуетничка и меѓурелигиска кохабитација реализирана во денешната Репубика Северна Македонија како заедничка татковина на нејзините граѓани обединети околу принципите на слободата, човековите права, демократијата и солидарноста, рече во говорот претседателот Пендаровски.

Тој истакна дека овој Илинден се прославува во посебни услови, светот е зафатен од пандемијата на коронавирусот, која донесе страдање на милиони луѓе се заканува целосно да го промени начинот на живот, посочувајќи дека слободата на движење како цивилизацикса придобивка денеска е потешко оставрилива дури и од времето пред почетоците на патувањата. Социјализацијата како суштина на човековата заедница е конфротирана со социјалната дистанца како парадигма на новата нормалност,  рече претседателот, оттуѓувањето што го донесе оваа најголема криза во современата историја ја загрозува меѓусебната солидарност, за оние кои поминаа и кои се уште поминуваат низ пеколот на болеста и оние кои ги загубија работните места и останаа без приходи за достоинствена живот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

ДИК ги објави првите официјални резултати од претседателските и парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе