Македонија Најважни

Без масовност, со мерки за заштита прославен Илинден

Невообичаено и различно од претходните години помина центарлната манифестација за Илинден  на Мечкин Камен во Крушево. Поради мерките на заштита од КОВИД-19 се одржа само протоколарниот дел, немаше културно уметничка програма, ниту орагнизиран народен собир, со исклучително мал број посетитеили кои дојдоа индивидуално. Дел од граѓаните ја исвиркаа владината и собраниската делегација. Но со сврежи, псовки и недолични пораки беа дочекани и испратени и делегацииите на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Потпреседателот на  Собранието Мисовски се обрати пред присутните наместо собранискиот спикер Талат Џафери, кои не дојде на Мечкин Камен поради здравствени причини. Во својот говор меѓу другото рече дека Македонија веќе е дел од големото НАТО семејство и посочи дека пред нас се европските перспекитиви. Апелираше политичарите да ги реализираат дадените ветувања на граѓаните во предизборитето.

Дафина Стојаноска која ја предводеше делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ  рече дека се надева оти слабата посeтност годинава се должи на претпазливоста  од коронавирусот, а за рекациите на граѓаните вели  дека се упатени за спротивната страна

Од Мечкин Камен граѓаните повикаа на обединување на македонскиот народ

За првпат на Мечкин Камен годинава не беше дозволено да дојде коњаницата додека беа присутни делегаиците и дипломатскиот кор, а од протоколот објаснија дека тоа така затоа што   членовите минале низ многу градови и села, без маски  и имале многу контакти. Но коњаницата дојде на Мечкин Камен после официјалниот настан.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

ДИК ги објави првите официјални резултати од претседателските и парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе