Македонија Најважни

Коњаниците се степале во Крушево

Синоќа избила тепачка меѓу неколку членови од илинденската коњаница од една страна и крушевчанец од друга страна. Инцидентот се случил на Гумење, а тепачката била прекината од полицаец кој патролирал таму.

Како што јавија од МВР, полицискиот службеник кој вршел патролна служба на Гумење, забележал тепачка помеѓу лице од Крушево од едната страна, и петмина скопјани од коњаницата Лисиче од другата страна. Заради спречување на тепачката, како што информираат од МВР, полицаецот со службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, пришто тепачката престанала.

Реагираше и градоначалникот на Крушево кој рече дека биле забележани повеќе нарушувања на јавниот ред и мир со карање, физички напади, меѓусебни тепачки, групирања, забави, а со тоа и непочитување на мерките, препораките и протоколите. Христовски ги повика граѓаните, особено коњаницата на мирно и достоинствено чествување на празникот Илинден.

Во Крушево нема место за насилници, вандали и нивно нечовечко однесување со демонстрирање сила или моќ врз мирното население во пресрет на празникот, додава тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе