Економија

Тројца иноватори, меѓу газдите кои минималецот го ставија во џеб

Тројца иноватори се најдоа на списокот на УЈП, меѓу газдите кои си ги ставиле во џеб парите кои им ги даде државата за да исплатат минималец за работниците. За својот изум требало да добијат над 60.000 евра од Фондот за иновации. Но проектите се стопирани, откако институциите открија дека покрај проекти, газдите знаеле да измислат и начин како државните пари за плати за работниците да си ги стават во џеб. Директорот на Фондот за иновации, Деспотовски, вели конкурсите се завршени пред корона-кризата и тие не можеле да знаат дека газдите така ќе постапат.

Ние ќе го почекаме секако исходот од постапките кои што се најавени од државните институции кои што ја доделиле државната помош за минимлана плата и потоа Комитетот ќе одлучува дали воопшто овие проекти би продолжиле со реализација. Лично иако не учествувам во одлучувањето мојата препорака ќе биде тоа да не се случи, односно нашата соработка со овие компании да заврши тука, изјави Деспотовски.

Така, фирмата  „Гери Ван Симон“ дел од парите добила, а за својот изум требало да наплати над 44.000 евра од Фондот за иновации. Од државата пак како поддршка за корона-кризата наплатила околу 43,000 денари за плати, но не дала ниту денар на работниците. А измислила мобилна апликација за развој на прототип на систем на затворачи кај мали хидроелектрани.

Сопственикот Вангел Симоновски за „Телма“ вели не исплатил плата оти немал пари. Со пандемијата сите договори застанале, а спас да не ја затвори фирмрата гледал во хипотекарен кредит. Инаку добил исплата за  прва рата од Фондот за иновации од 11.000 евра.

„МСТ Солушн“, исто клиент на Фондот  за иновации чиј проект тежок 15.000 евра е прекинат, добила најмногу пари за плата 159.500 денари за април, но исто не ги префрлила на работниците. Добитниот изум пак бил мобилна машина за ремонт на градежна и рударска механизација.

Третата фирма „Лини 08“ од Ресен добила само 7.250 денари за плата и не ги исплатила, со што е стопиран проект од 1.700 евра. Иновацијата била производство на суровина за изведба на градобијни одбрамбени мрежи.

Вчера и Светска банка за Телма потврди дека покрај што ќе ги вратат парите компаниите може да бидат предмет на истрага и од Светската банка, бидејќи во апликацијата се согласиле да ги почитуваат Упатствата за борба против корупцијата.

Премиерот Спасовски денеска кажа дека дал налог на Генералниот секретаријат да се покренат кривични пријави за газдите на фирмите кои не го исплатиле минималецот кој го добиле од државата.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Новата Влада скрои рекорден буџет, планира да потроши речиси 5, 9 милијарди евра, ќе скокне и јавниот долг

Дејан Дејан

Претходната влада буџетот го оставила во алармантна состојба, вели Мицкоски- СДСМ демантира „имаат пари за се“

Дејан Дејан

РЕК Битола почна да работи со два блока

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе