Вести Македонија

До петок многу топло, в сабота можни краткотрајни поројни врнежи

Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, a во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.

Како што информира УХМР, во петок и особено во сабота претежно во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Докторите предупредуваат дека топлиот бран ќе предизвика проблеми кај луѓето кои се хронично болни и затоа апелираат да не се излага на отворено без некоја посебна потреба или причина, да се пијат течности, посебно вода, да се јаде лесна и здрава храна, да се носи лесна облека и да не се разладуваме директно под клима уредите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го повика Путин на директни разговори за крај на војната – дојди слободно во Москва, одговори Кремљ

Igor Trajkov

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самиот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Пријателска средба со францускиот претседател – Мицкоски со Макрон во Тиват

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе