Вести Македонија

Хакерски напади ги турнаа на интернет министерствата за здравство и за образование

Веб страните на министерството за здравство и на министерството за образование и наука не функционираат, а првичните информации се дека станува збор за хакерски напади од македонската експозитура на Анонимуси. Во моментот не функционираат веб страните www.mon.gov.mk (образование) и www.zdravstvo.gov.mk (здравство)

Истрагите се во тек и во двете министерства. Покрај тоа што не работи сајтот на министерството за здравство, не функционираат ниту службените адреси на електронска пошта, меѓу кои и е и имејлот на министерот Венко Филипче.

Од здравство соопштија дека привремено комуницираат со јавноста преку новоотворена имејл адреса. Очекуваат повеќе детали за причините за падот на веб страната од истрагата на информатичкиот сектор.

Уште синоќа падна веб страната на министерството за образование. И таму првично е утврдено дека станува збор за хакерски напад кој го турнал сајтот.

И двете министерства се обидуваат да ги стават во функција веб страните преку кои се обезбедуваат услуги и информации за граѓаните меѓу кои и мерките и начинот на лекување во време на пандемија со корона вирус.

На денот на изборите имаше масовни хакерски напади, беше турната и веб страницата со изборните резултати на ДИК, а хакерски напад привремено го онеспособи и агрегаторот тајм.мк.

Полицијата се уште ги истражува изборните хакерски напади.  Побарани се информации и од повеќе полициски информатички служби од држави во Европа и во Азија од каде потекнувале адреси преку кои се одвивале хакерските напади на 15-ти јули.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе