Економија Топ вести

Угостители, туристички работници и транспортери со барање за продолжување на владината поддршка

Барање за продолжување на поддршката и во наредниот период, доставија денеска претставници од угостителската и туристичката дејност кои се сретнаа со вицепремиерката Мила Царовска и владиниот економски тим.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Царовска, се разговарало и за предизвиците во работењето на хотелите, рестораните и туристичките агенции, како и за потребата од носење нови мерки.

Било истакнато дека овие неколку сектори, угостителите, туристичките работници и превозниците, трпат најголеми штети од КОВИД – пандемијата, но со навремено креирање мерки и протоколи од страна на Владата, останале ликвидни и кога не работеа.

-На средбата беше истакнато дека голем број фирми од туристички и угостителски дејности ги имаат искористено бескаматните кредити од Развојната банка, како и финансиската поддршка за исплата на плати. Угостителите истакнаа дека со носењето на протоколите од Владата очекуваат зголемување на посетеноста, од граѓаните, посебно од оние кои ќе ги користат платежните картички, стои во соопштението.

Владата на Република Северна Македонија обезбеди 555 милиони евра за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Дел од средствата беа за одржување на ликвидноста на компаниите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

(Видео) „Бисер Балкански“ од грлата на 508 млади полицајци при нивната промоција во Идризово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе