Македонија

Полицијата го бара Панчевски со национална потерница

Полицијата распиша национална потерница за екс претседателот на кривичен суд Владимир Панчевски, информираат од МВР. Три пати полицајците го барале за да го спроведат во притвор, но не го пронашле па сега полицијата прави оперативни проверки дали Панчевски е надвор од земјава, велат од министерството. Од поплднево потерницата е објавена на веб страната на МВР,  во делот за потраги.

Ова следува откако, велешкиот суд каде му се судеше за злоупотреби на службената положба со АКМИС системот, денеска го добил известувањето од полицијата и издал наредба за распишување на потерница до СВР Велес за да го пронајдат и спроведат Панчевски во истражниот затвор во Шутка.

-Во предметот К.бр.242/19 на Основен суд Велес, денес на ден 14.07.2020 година по добиено известување од МВР, побарано е МВР – СВР Велес да издаде потерница за пронаоѓање и спроведување на обвиниот В.П. од Скопје во Казнено-поправна установа – Затвор Скопје -Скопје, заради извршување на мерка притвор определена со решение на судот од 10.07.2020 година.

На предлог на обвинителството, судот во Велес во петокот му определи притвор од 30 дена на Панчевски откако не се појави и на последното рочиште.  Притворот е за обезбедување на обвинетиот на судење бидејки тој не примал покани за рочишта, но примал други судски решенија на истата адреса, објаснија тогаш од судот. Судскиот совет го разреши Панчевски лани и како судија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе