Вести Македонија Топ вести

Денеска гласаат пациентите со Ковид-19, лица во изолација, самоизолација и карантин

9 часот барака 6 Општина Центар.  Почнуват подготвоките за гласање на ковид болните и оние кои поради тоа што биле во контакт со заразен од вирусот се во самоизолација. Луѓе од повеќе од 10 избирачки одбори ги носат кутиите од избирачките места каде што се впишани оние кои се пријавиле да гласат од дома.

Избирачките кутии доаѓаа едно по друго, се правеа записници . За целото време пред општината чекаше комбе со кое посебниот избирачки одбор треба да оди во домовите на гласачите. Тој одбор за прв пат е составен од лекари, кои поминаа обука за да можат да се дел од гласачкиот процес и болните од корона вирусот и оние во изолација да можат да гласаат.  Еден од нив е и др Тихомир Велевски, кој објаснува како лекарите се подотвуваат пред да одат кај гласачите и како се гласа.

По едночасовна координација, спремни кутии , тојцата лекари тргнаа на терен, требало да има уште еден тим како што дознавме, но се пријавиле малку луѓе за гласање. По комбето тргнавме и ние. Најпрво порвоерува дали оние граѓани кои се на списокот се дома. Кутијата се оставаше, се чекаше гласачот во плик да го пушти својот глас… па на следна локација.

Инаку скоро во сите скопски општина , бројот на пријавени лице е двоцифрен. Според официјални податоци од ДИК најмногу локации окации има пријавено во Гази Баба 31, а најмалку во Студеничани 3.

Во Македонија пак денеска гласаат 716 лица позитивни  на КОВИД – 19 и лица во самоизолација. Онаму каде што е завршено гласањето , се течело без проблеми . До сега стигна информација само дека во Кичево од пријавените 35 гласале само 32 – ца затоа двајца одбиле , а  на еден од болните му се влошила состојбата и завршил в болница.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе