Свет Топ вести

Брнабиќ: Државата е силна, насилството нема да победи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека државата е силна, институциите си ја вршат својата работа и оти насилството нема да победи.

Во исто време, таа апелираше до граѓаните да не се собираат со цел да го зачуваат здравјето и да спречат уште поголеми бројки на заболени од коронавирусот, и истакна дека во моментов нема потешка борба освен со короната, а време за протести ќе има.

Српската премиерка исто така изјави дека бројките што се однесува до пациентите, утрово се малку подобри во однос на вчерашниот ден, но дека е далеку од тоа да биде под контрола.

Затоа, според неа, собирите се голем ризик.

– Секогаш има време за протести, а за борба против коронавирусот нема повеќе време, рече Брнабиќ.

Таа, исто така, истакна дека е предизвикана голема материјална штета за време на насилствата на протестите.

Во меѓувреме, директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ информира дека во текот на вчерашниот ден, на територијата на Белград биле уапсени 42 лица, поради разни инциденти извршени за време на демонстрациите претходните денови, а меѓу нив е и напаѓачот на новинарот на телевизијата Н1.

Според него синоќешниот протест бил значително помалку насилен од претходните, а на крајот се случиле помали инциденти, поради што полицијата морала да интервенира.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕП 2024: Германија – Шкотска 3:0 на полувреме, Германците незапирливи, Шкотланѓаните продолжуваат со фудбалер помалку

Дејан Дејан

Деаноски во „Топ тема“: Од прво место, трудот паѓа на второ во новото министерството за економија

Дејан Дејан

(Видео) Израелски војници со оружје од среден век гаѓаат на либанска територија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе