Бомбашките напади на Јутуб каналите не запираат – туку се засилуваат.
На ден пред завршувањето на изборната кампања, на јутјуб каналот „Слушне вистина“ осамна ново нелегално снимено аудио, на кое наводно се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев во кој тој ги споменува предметите на СЈО.
Наводно Заев објаснува за дел од измените на законот за обвинителство каде што „бомбите “ имаат рок на употреба до 30 јуни 2017 година, со што остануваат живи само 18 предмети на СЈО.
Односно дека „ќе паднат “ предметите „Попис“ каде што осомничен е лидерот на ДУИ Али Ахмети, потоа „ Талир 2“ кој се однесува на незаконско финансирање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како и предметот „Поштенска Банка“. Се споменуваат имињата на Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Катица Јанева.
Веднаш се огласи СДСМ. Велат разговорот само потврдува дека партијата и Заев постојано барале начини, решенија и правни механизми за целосна реформа на правосудството.
„СДСМ, претседателот Заев постојано се бореа за обезбедување на двотретитинско мнозинство во Собранието со што денес, предметите на СЈО продолжуваат иако тоа веќе не постои. Јасна е разликата. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се бореа за да паднат предмети, да падне предметот „Талир“, за да се сокрие нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, да падне предметот „Империја“ за да се спаси тајкунот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, за да се спасат други криминалци на чело со Груевски.“- соопшти СДСМ
За ВМРО-ДПМНЕ пак новата бомба е доказ дека судството и обвинителството се под целосна контрола на Заев. Велат ќе има одговорност за сите незаконски дејствија.
Дека од позиција на најмоќен човек во државата како тогашен премиер наредувал и нарачувал и судски прогони и судски пресудии обвинителни акти и и истраги и предистраги итн. Со истите после тоа тргувал со цел да добие политичко влијание и политичка корист – Николоски.
Бомбите станаа едно од главните оружја во предизборието. СДСМ веќе поднесе кривични пријави за да се детектира потеклото на бомбите, а ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителство да постапува по допрен глас.
И додека МВР истражува кој снимал и кој ги пушта, до сега од објавените бомби во полициска станица на разговор беа повикани само Ден Дончев и Зоран Милески Кичеец.
Александра Филиповска