Избoрната кампања влезе во финишот. Една од клучните изборни единици ќе биде Петтата која опфаќа 14 општини, меѓу кои некои од најголемите Битола, Охрид, Струга, Кичево, Дебар. Затоа битката за 20-те пратеници е жестока уште од стартот, а своите аргументи за решавање на проблемите во оваа Изборна единица, но и за главните поенти од нивните изборни кампањи ги соочија носителите на кандидатските листи: Радмила Шеќеринска од коалицијата Можеме, Талат Џафери од ДУИ и Сурија Рушити нод Алијанса на Албанците и Алтернатива.