Новите 19 заразени текстилни работнички ја затвори светиниколската конфекција „Мода“, која е и најголемиот работодавец во оваа општина. Резултатите од приватниот скрининг на оваа компанија пристигна и одлуката е донесена утринава. Вкупниот број на заразени работнички е 35. Погоните се затворени и на компанијата Кемтекс, која дели иста кујна со Мода. Попладнево инспекторите од државниот и здравствен инспекторат се во вонредна контрола. Ангел Димитров директор на Мода за Телма вели дека во понеделник ќе се тестираат и останатите работници.
По добивањето на резултатите, втората смена не дојде на работа. Во понеделник ќе се тестираат сите вработени кои не беа опфатени од првиот скрининг. И овој пат ќе се тестираат приватно. Иако сумата што треба да ја платиме не е мала, околу 20.000 евра, сепак резултатите ќе ги добиеме многу побрзо и ќе знаеме дали и кога ќе може да се отпочне со производниот процес“, вели Ангел Димитров, директотр на „Мода“ АД Свети Николе
Светиниколскиот градоначалник, Сашо Велковски вели денеска неговата општина бележи рекордни 28 заразени со Ковид-19, а привите случаи во центарот на Овче Поле се појавија по контактите со работниците од конфекциите во Штип.
„Почитувањето на здравствените мерки, носење маска и растојание надвор и на работа е клучно да се запре ширењето на вирусот, бидејќи во Свети Николе состојбата е загрижувачка“ Сашо Велковски – градоначалник на Свети Николе
Општините од истокот секојдневно ги има во здравствениот билтен, а на инфективното одделение се лекуваат 46 пациенти.
Викторија Јованова
