Македонија

Родителите на деца со посебни потреби со барања до партиите

Измени на Законот околу одземање на деловната способност на децата со посебни потреби, зголемување на додатоците, тргнување на границата од 26 години за овие лица во здравството, како и измена и на други закони и после 18 години да се применува посебниот додаток во додаток на попреченост, се дел од барањата на родителите на деца со посебни потреби, кои ги срочиле во документ и бараат претставници на политичките партии да дојдат денеска спроти Собранието во Паркот „Жена борец“ во Скопје и да го потпишат со што ќе се заложат дека ќе ги исполнат.

– Правиме кампања за правата на лицата со посебни потреби, децата кои не учат на бесусловна љубов и ја нарековме „Да создадеме свет без граници“. Сакаме да ги обврземе политичките партии да ни дадат потпис со кој ќе се заложат дека ќе ни ги исполнат барањата, бидејќи повеќе не сакаме да веруваме на збор, изјави денеска Маргарита Милошеска од Гостивар, родител на девојче со церебрална парализа и координатор во Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби.

Таа изрази надеж барем поголем број политички партии ќе дојдат во Паркот „Жена Борец“ и ќе го потпишат нивниот документ.

Сузана Стојановска од Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром, Дневен центар „Доза Среќа“ рече дека нивните барања се поголеми и се надеваат дека политичарите ќе го потпишат документот, бидејќи се во многу незавидна ситуација и од финансиски аспект, и поради тоа што тие деца се затворени дома поради ситуацијата со Ковид-19.

– Нашите барањата се скромни, ги ревидиравме и скратувавме, за да може навистина да се исполнат. Тие што ќе дојдат денеска и ќе потпишат ќе ја имаат нашата целосна поддршка, додаде Стојановска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Три млади лица го загубија животот во сообраќајна несреќа во Кичево

Дејан Дејан

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе