Македонија

Никола Димитров : Останува многу работа за градење општество без дискриминација

Иако оценките за нашите перформанси во однос на човековите права во последние неколку години одат во нагорна линија, останува многу работа за постигнување на крајната цел – општество со целосно функционални институции во служба на граѓанинот, општество со еднакви можности, без дискриминација врз која било основа, општество во кое владее правото и во кое борбата против неказнивоста е врвен приоритет. Ова денеска го истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров, на тркалезната маса „Презентација на Извештајот за фундаментални права 2020“, во организација на Министерството за надворешни работи, Институтот за европска политика и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

-Човековите права и владеењето на правото, се тие што сите нас не привлекуваат да бидеме дел од европското семејство. Да се биде еднаков во држава каде владее правото, каде системот е функционален во слободно и праведно општество. Тоа е магнетот на ЕУ покрај овој првиот столб. Бидејќи веруваме и очекуваме дека ќе ги почнеме пристапните преговори заедно со помош и поддршка на германското претседателство со ЕУ во следниве месеци, првата меѓувладина конференција и првиот кластер како основи ќе го содржат и ова поглавје за темелните права. И тука ние ќе имаме еден инструмент да се доближуваме до тој идеал кон кој сакаме да се стремиме, рече Димитров.

Димитров посочи дека Извештајот на Европската агенција за човекови права се однесува на 2019 година и е втемелен врз квантитативни и квалитативни резултати на истражувањата на Агенцијата, на националните анализи изготвени од нејзините локални партнери, консултации и коментари од релевантните национални инстутции, пред се од Министерството за правда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе