Македонија

Намален бројот на новозаболени и на починати од Ковид- 19 во земјава

 

Намален е бројот на новозаболени од корона вирус и на починати, информира Министерството за здравство, во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година. А, зголемен е  бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела.

Во овој период направени се вкупно 8.422 тестирања, а регистрирани се 917 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 186 случаи помалку од претходната недела. Во последните три недели бројот на новозаболени на неделно ниво бележи пад, како и процентот на позитивни случаи од тестирани. Во периодот од 29 јуни до 5 јули овој процент изнесува 10.9%, велат од Министерството за здравство.

Регистрирани се случаи во 25 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје – 45.9% и во Тетово -10,3%. Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи  со Ковид-19 е под 20.

Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години- 22,9%, потоа лица од 50-59 години – 19,8%. Забележано е благо намалување во однос на претходниот период кај лица помеѓу 40–49 години и благо зглемување на процентот кај лица помеѓу 30-39 и 20-29 години. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа од 0-9 години – 3.1%, и од 10-19 години – 4.1% од вкупниот број на новозаболени.

Од случаите во овој период кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 113 лица или 13,4% што претставува намалување за 4% во однос на претходната недела на известување, а кај 205 лица или кај 25% регистрирано е присуство на коморбидитети.

Во периодот 29 јуни до 5 јули, регистрирани се 46 смртни случаи, што е 11 помалку од претходната недела на известување. Најголем дел од случаите се лица над 60 години- 67,4%.  Кај 38 од смртните случаи – 82,6% регистрирани се претходни коморбидитети.

Оздравени се 613 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 166 повеќе од претходната недела на известување (21-28 јуни). Ова е исто така важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на растот на активни случаи, потенцираат од Министерството за здравство.

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе