Македонија Најважни

Ковид 19: 163 нови случаи, осум починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-3, Ресен-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица од: Скопје-126, Куманово-31, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-45, Велес-7, Кавадарци-1, Гостивар-1, Кочани-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-2.

Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиника за токсикологија е почината пациентка на 79 години, кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем.

Во ГОБ „8 септември“ починати се четворица пациенти на возраст 58, 61,62 и 66 години. Во ОБ Тетово почина пациент на 53 години. Во Филип Втори (Жан Митрев) е починат пациент од Дебар на 52 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406,  бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493. Еден од вчерашните тестови е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 3573, активни 1895
  • Куманово 813, активни 174
  • Дебар 118, активни 65
  • Штип 404, активни 159
  • Прилеп 286, активни 55
  • Тетово 805, активни 343
  • Струга 282, активни 181
  • Велес 198, активни 37
  • Битола 63, активни 22
  • Охрид 210, активни 181
  • Кавадарци 22, активни 15
  • Гостивар 180, активни 109
  • Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
  • Струмица 18, активни 10
  • Крива Паланка 17, активни 11
  • Радовиш 4, активни 0
  • Крушево 7, активни 3
  • Кочани 75, активни 17
  • Пробиштип 28, активни 17
  • Демир Хисар 3, активни 2
  • Македонски Брод 6, активни 4
  • Пехчево 6, активни 2
  • Берово 3, активни 0
  • Валандово 6, активни 2
  • Виница 4, активни 1
  • Делчево 1, активни 0
  • Кратово 6, активни 3
  • Свети Николе 56, активни 49
  • Кичево 52, активни 43
  • Ресен 127, активни 87
  • Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1794 теста се преку: ИЈЗ-1002, Авицена-102, Биотек-155, МАНУ -123, Жан Митрев (Филип Втори) -209, Судска медицина – 14, Систина со PCR метода -148, ЦЈЗ Битола-41. Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 57 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 1 дете позитивно и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 97 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 106 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 348
  • Аеродром – 152
  • Бутел – 155
  • Гази Баба – 194
  • Центар – 142
  • Карпош – 149
  • Сарај – 129
  • Кисела Вода – 113
  • Ѓорче Петров – 108
  • Студеничани – 107
  • Шуто Оризари – 84
  • Арачиново – 45
  • Илинден – 29
  • Петровец – 17
  • Чучер Сандево – 17
  • Сопиште – 8
  • Зелениково-9
  • Странец – 1
  • Нераспределен- 89
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе