Македонија

Градењето на судската пракса предизвик во извештајот на Агенцијата за фундаментални права на ЕУ

Градењето на судската пракса во заштитата на човековите права, е најголем предизвик за земјава. Ова е нотирано во националниот извештај на Агенцијата за фундаментални права на ЕУ. Македонија за прв пат е вклучена во анализите на европската агенција, беше речено на денешната презентација на извештајот.

Најголем предизвик е градењето на судската пракса , бидејќи ние идентификувавме во сите судови во 2019, дали на највисоко ниво има пресуди кои ги користат овие права и ова законодавство и утврдивме дека се многу малку и не се доволно однесени низ судските пракси, рече Симонида Кацарска- директорка на Институт за европски политики.

Потребно е градење на судска пракса во однос на одредбите за регулирање на говорот на омраза, законите за основно образование и социјална заштита и за Законот за антидискриминација. Од како тој закон беше укинат од Уставниот суд, земјата се врати еден чекор назад во заштитата на човековите права.

Изразивме жалење што еден толку важен закон сега не е на сила. Меѓутоа кажавме политичка заложба, веднаш по конституирањето на Собранието, овој закон повторно ќе биде донесен, рече Никола Димитров- министер за надворешни работи.

Народниот правобранител, Меџити, кој од 2018 година е наш наблудувач во Агенцијата за фундаментални права, вели дека државата има слабости во заштитата од дискриминација. Тој искажа забелешки и за законот за антидискриминација.

Истиот по однос на телото за заштита е многу слаб. Слаб од начинот како се формира тоа тело и слаб за тоа како телото може да штити од дискриминација, кажа Иџет Мемети- народен правобранител.

Телото да се бира по примерот на изборот на членовите на ДКСК, предложил Меџити пред Законот за антидискриминација повторно да се носи . Детската сиромаштија и насилството врз жените исто така загрижуваат во делот на човековите права, нотирано е во извештајот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе