Економија Македонија

ЕУ и ЕБРД со финансиска помош од 85 милиони евра за малите и средни претпријатија на Западен Балкан

Европска помош од 85 милиони евра за бизнисот ќе ги олеснува последиците од пандемијата Ковид -19.

Европската Унија и Европската Банка за Обнова и Развој ја засилуваат поддршката за малите и средни претпријатија во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Финансискиот пакет се состои од 15 милиони евра во грантови од ЕУ, кои ќе ги надополнат 70 милиони евра заеми од ЕБРД. Овие заеми ќе бидат достапни за партнерските банки во регионот, преку кои ќе бидат доставувани до локалните бизниси.

Еврокомесарот за добрососедство и проширување, Оливер Вархеи, оцени дека малите и средни претпријатија се од витално значење за економиите на западниот балкан и биле особено тешко погодени од кризата.

“Затоа, надградувајќи ја нашата долгорочна соработка со ЕБРД во регионот, ние ја зголемуваме нашата поддршка за овие претпријатија, не само со цел бизнисите да можат да продолжат со својата работа, туку да се засили и нивната издржливост и да ги поставиме темелите на одржливата обнова” – подвлекува Вархеи.

Мерките кои ги презедоа владите во регионот за да го забават ширењето на Ковид-19 создадоа силен притисок на малите претпријатија, ги нарушија каналите за снабдување со стока и ја забавија економијата.

Голем број од малите и средни препријатија се соочуваат со сериозен недостаток на готовина. Најтешко погодените бизниси ќе можат да ги користат европските фондови за да се справа со новите предизвици, да го зголемат квалитетот на производите и својот извозен потенцијал во регионот и пошироките европски пазари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе