Вести Македонија Топ вести

Во доцните вечерни часови во Тетово како да не постои КОВИД

Во Управата за јавни приходи во Гостивар едно вработено лице е позитивно на Ковид 19, додека неколкумина колеги со кои работеле во истата канцеларија со решенија ќе бидат пратени во изолација следите две недели. Денес се врши целосна дезинфекција на просториите, а од утре ќе продолжат со работа.

Во гостиварско во изминатиов период бројките на новозаразени се во пораст. Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, вели дека состојбата во овој регион е релативно сериозна.

Според Центарот за јавно здравје Тетово од денешните нови случаи со ковид 19, повторно најмногу се регистрирани во Тетово и околните села, 11, а по еден случај има и во општините Боговиње, Брвеница и Јегуновце. Токму во градот има најголема фрекфенција на луѓе, а секојдневно поголеми гужви се создаваат пред банките, каде граѓаните ги подигнуваат платежните картички. Нецелосното почитување на мерките е забележително особено во вечерните часови, кога младите излегуваат на прошетки.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на СВР Тетово за неносење заштитни маски на вкупно 113 лицa на тетовско-гостиварското подрачје изготвени им се прекршочни платни налози. Во овој период на 30 лицa изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени биле контроли на речиси 1 000 лица со вакви решенија.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе