Економија

Еуросупер БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Цената на бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените на  Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот Еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 и Еуродизел (Д-Е V) и понатаму ќе се продаваат за 63, односно 52,5 денари за литар, а со новото поскапување цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се изедначи со Еуродизел (Д-Е V) и ќе чини 52,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ  за 0,156 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,980 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,836 отсто пониската просечна референтна цена на бензинот на светскиот пазар во последните седум дена и за 1,716 отсто повисоката цена на екстра лесното масло, како и за 0,071 отсто повисокиот крус на денарот во однос на доларот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе