Македонија Најважни

165 новозаболени и седум починати во последните 24 часа

34-годишен штипјанец за загуби битката со Ковид 19. По силните апели на социјалните мрежи успеа да дојде до терапија со крвна плазма, но залудно.

По неколку дена на респиратор, денеска почина, но неговата смрт ќе влезе во утрешните официјални статистики.

Во минатото деноноќие пак корона-вирусот зеде седум нови жртви, а  позитивни се 165 од 1454 тестирани.

Двајца од починатите се од Скопје, двајца од Куманово, еден е стружанец, и по еден од Кочани и од Неготино.

Во градската болница 8-ми септември почина 63-годишен пацинет со рак на белите дробови, а тешката пневмонија не ја преживел и една година повозрасниот стружанец.

Тој имал проблеми со бубрезите, но Ковид му ја влошил состојбата.

Расте бројот и на хоспитализирани пацинети.

Само во 8-ми септември изминатото деноноќие примени се нови 18 пацинети, сите со тешка пневмонија.

Во градската болница во моментот битката со Ковид ја водат вкупно 130 пацинети. 13 од нив се приклучени на респиратор.

Корона-вирусот не го поштеди ниту здратвениот пероснал во болницата. Во моментот позитивни на Ковид се 20-тина лекари, медицински сестри и болничари, а утринава позитивен тест на Ковид добила и директорката на кумановската болница, Снежана Захариева.

Информацијата ја потврди лично таа, преку својот фесјбук профил.

Без маска, само дома, 5 месеци работа-дома, но имунитетот попушти. Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето. Чувајте се. Инаку, тестот го направив вчера напладне. Благодарност до МАНУ за брзиот резултат, напиша Захариева на Фејсбук.

По бројот на новозаразени, Скопје и натаму е прв на листата градови. Од денешните 165 новозаразени, безмалку половината се од главниот град.

По бројот на потврдени случаи во изминатото деноноќие, Тетово е втор на листата, а веднаш зад него, со 15 е Куманово и со 14  Гостивар.  Со 10 новозарзени и Охрид останува меѓу главните жартишта на Ковид.

И во Штип има 10-тина новозаразени, но и 11 излекувани, а битката со Ковид ја добиле ист број на пацинети и од Ресен.

Пред само еден месец ,односно на 1-ви јуни во државата имало 606 активни случаи на Ковид и 140 мртви.

Сега бројот на починати е 328, или речиси двојно повеќе ако се спореди со вкупниот број згаснати животи од почетокот на пандемијата. Драматичен е порастот и на активни случаи.

Битката со Ковид во моментот ја водат 3583, а на 1ви јуни активни биле само 606. Тоа значи дека за само еден месец бројот е зголемен за дури пет пати.

Весна Јовановска Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Дејан Дејан

Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори

Дејан Дејан

МОН: До крајот на школската година училиштата треба да одработат три саботи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе