Свет

Францускиот премиер поднесе оставка, за неколку часа нова влада

Францускиот премиер Едуард Филип денеска поднесе оставка на функцијата шеф на владата, соопшти Елисејската палата. Од таму велат дека за неколку часа Франција ќе добие нов премиер.

Со оваа одлука всушност во оставка е и целата влада, информираат француските медиуми. Филип е премиер на Франција од 15 мај 2017 година.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера соопшти дека ќе има „нов владин тим“, потврдувајќи ја дебатата во медиумите за претстојните измени во составот на францускиот кабинет и не прецизирајќи дали Едуард Филип ќе остане премиер.

-Треба да се направи избор за да се тргне по нов пат. Тоа се новите цели за независноста, реструктуирањето, помирувањето и новите методи за нивно спроведување. Зад себе ќе имам нов тим, рече Макрон во интервју, за регионалните медиуми, без да даде детали за можните промена во кабинетот.

Говорејќи за Едуард Филип, кој во неделата, на општинските избори, победи на изборите за градоначалник на Авр, Макрон истакна дека премиерот во последните три години направи „прекрасна работа“.

-Ние спроведовме важни историски реформи – често во многу тешки услови. Тој спроведе важни реформи и изградивме однос на доверба кој е единствен за историјата на Петтата Република, рече францускиот лидер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунел во Србија

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за мобилизација – затвореници ќе можат да заминат на фронт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе