Македонија

Тетово- сообраќаен хаос, недостиг на вода и купишта смет

На повеќе места во тетовско складиран смет ја загадува околината. Тетовци, освен недостаток на хигиена, како проблеми на градот ги посочуваат водоснабдувањето и сообраќајниот хаос. Потреба од решавање на речиси истите проблеми има и во руралните средини. „Изборите нема ништо да променат“ велат граѓаните.

Тетово се уште нема конечно решение за проблемот со депонирање на сметот. Со години во градот и околните села се создаваат диви депонии, создадени од несовесноста на граѓаните како и неажурноста на надлежните. Просторот пред православните гробишта е место каде редовно се создава голем куп од отпад. Од неодамна повторно се фрла ѓубре на надвозникот на излезот од градот.

Освен недостаток на хигиена, граѓаните во анкета, како проблеми на градот ги посочуваат водоснабдувањето и сообраќајниот хаос. Повисоките населби постојано се соочуваат со недостиг на вода за пиење, има недостаток на паркинг места и преголема фрекфенција на возила.

Потреба од решавање на речиси истите проблеми има и во руралните средини. И кај нив има не се целосно решени елементарните потреби како вода за пиење, чистота и слично.

Анкетираните граѓани едногласно велат дека политичарите ветуваат само за време на кампањите, но потоа забораваат. На прашањето – Дали по изборите нешто ќе се промени? Одговорот е ист.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се празнува денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј

Дејан Дејан

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Дејан Дејан

(видео)Во амбасадата во Пекинг студенти од Кина рецитираа македонски песни по повод денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе