Македонија

Односите со соседите се уредени со Договорите со нив, за јазикот нема да се разговара

Меѓу Македонија и Грција нема прашање што не е регулирано со Преспанскиот договор освен трговските марки, додека Договорот со Бугарија се занова на  пријателство, што би значело почитување. Ова е ставот на шефот на дипломатиијата, Никола Димитров, за односите со соседите кои повторно влегоа во фокус на јавноста поради предлог-преговарачката рамка од Европската комисија која пред два дена отиде во раце на земјите-членки, а за која и Грција и Бугарија ќе треба да дадат зелено светло.

Односите со Грција деновиве ги разбрануваа објавените доверливи докименти на грчките институциии од кои се гледа дека Атина посакува менување на ознаката за земјата „МКД“ или „МК“ уврдени со Преспанскиот договор, за што Димитров рече дека какво и да е менување на Преспанскиот договор ќе ја наруши неговата тешко постигната рамнотежа. Договорот е задолжителен и за двете страни.

Преспанскиот договор особено за крупните работи се спроведува. Овие работи каде што има можеби некакво застој бараат да се седне и да се разговара, рече  Димитров.

За односите со Бугарија тој пак вели дека таму работите ќе се водат така да бидат успешни и во делот на евроинтегрирањето, но и да не може да се отвораат прашања кои се само наша работа, како што е јазикот.

Како и да оди таа работа ќе мора да ја завршиме така што во ЕУ ќе влеземе како Македонци, кои зборуваат на македонски јазик, тоа е наше право, рече Димитров.

Димитров притоа нагласи дека меѓу државите не се признаваат јазиците туку државите и оти на земјава не и треба печат од било која друга држава во однос на македонскиот јазик.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбраната на Богоев поднесе жалба – притворот е непотребен велат кривичарите

Дејан Дејан

Започнува подготовката на Стратегија за развој на туризмот 2027-2032

Дејан Дејан

МВР една и пол година ги истражува злоупотребите во Институт за јавно здравје во времето на Шабан Мехмеди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе