Свет

„Не сакаме дома“- протест на белградските студенти

По најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека во рамките за сузбивање на ширењето на корона вирусот, ќе бидат затворени сите студентски домови во Белград, на улица излегоа незадоволните студенти. Тие на протест бараа ваквата одлука да биде поништена.

Директорот на Инфективната клиника во Белград Горан Стевановиќ вели дека ситуацијата со заразени со корона вирусот во оваа клиника е многу сериозна и дека има голем број на пациенти со сериозна клиничка слика.

„Станува збор, пред се, за млади лица, меѓу 30 и 50 години, кои доаѓаат со сериозна клиничка слика, двострано запаление на белите дробови. Помал е бројот на оние со лесна клиничка слика, кои може амбулантно да се следат и кои може да бидат во домашна самоизолација“, вели Стевановиќ.

На територијата на Белград од денеска и следните две недели на сила е вонредната состојба.

Забрането е влегување во затворени простории без маска, како и користење на јавен превоз. Покрај тоа забрането е собирање на повеќе од 100 луѓе во затворен простор, односно 500 на отворено. Угостителите нема да работата меѓу 23 часот и шест часот наутро.

Според српските медиуми состојбата на лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се влошила и тој бил приклучен на кислородна поддршка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунел во Србија

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за мобилизација – затвореници ќе можат да заминат на фронт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе