Економија

Активистите бараат партиите да се изјаснат за рудникот кај Иловица

Активистите против рудници бараат партиите да се изјаснат за рудникот кај Иловица – ВМРО ДПМНЕ и СДСМ тврдат дека нема рудници против волјата на граѓаните. СДСМ е за еколошка средина, ВМРО ДПМНЕ за рдници само каде што граѓаните сакаат.

Предизборната кампања е добар термин да се чујат ставовите на политичките партии но и да се бара она што ќе го ветат да го спроведат по изборите, велат активистите против рудници во Југоистокот.

Инсистираат да ги чујат плановите на партиите, бидејќи според нив ова е важно прашање за секој жител на регионот.

Двете најголеми политички партии,  пак, се категорични дека се со народот и дека нема да се носат одлуки коишто граѓаните не ги поддржуваат.

Социјалдемократите велат дека Југоистокот е најважното подрачје за производство на храна во земјата и затоа ќе се поддржува еко земјоделие и рурален туризам.

ВМРО – ДПМНЕ, пак, во својот став велат дека нема да спроведат ништо на сила и што е спротивно ан волјата на народ.

„Програмата Обнова предвидува постоење на рудници некаде на територија на државата. Не е спорно дека секој ресурс треба да биде правилно експлоатиран. Но, рудници таму каде што народот сака и каде што народот – нема да поддржуваме отворање на рудници“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Концесионерот на рудникот кај Иловица, пак, Еуромакс Рисорсис, апелира до политичките партии  проектот за рудникот да не се злоупотребува во предизборната кампања за добивање политички поени.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе