Македонија Најважни

Директорката на кумановската болница позитивна на Ковид – 19

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на КОВИД-19.

– Позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2. Без маска само дома, пет месеци работа – дома, но имунитетот попушти. Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето. Чувајте се, напиша Захариева.

Директорката на Кумановската болница двапати беше во самоизолација, еднаш на почетокот на кризата кога се врати од приватно патување, а вториот пат кога член на нејзиното семејство присуствуваше на партискиот состанок по што беше откриено дека директорката на УЈП Сања Лукаревска е позитивна, но резултатите беа негативни.

Во Кумановската болница од почетокот на кризата беа заболени повеќе од сто здравствени работници, а голем дел беа во изолација Одделенијата работеа со редуциран кадар, доаѓаа лекари од други градови. Состојбата по извесен период се стабилизираше.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Корупцијата почнала во Агенцијата која требалa да ги штити европските фондови – рече обвинителката на судење за ИПАРД во кој е обвинет и функционер

Дејан Дејан

Начинот на кој ќе се носи Законот за правична застапеност ги скара партиите на Албанците

Дејан Дејан

Одбраната на Богоев поднесе жалба – притворот е непотребен велат кривичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе