Свет

Гувернерот на Њујорк бара од Трамп да признае дека ја негирал сериозноста на коронавирусот

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за „негирање научни факти“ за време на пандемијата на коронавирусот и побара од него да признае дека вирусот претставува закана.

Куомо рече дека првото нешто што Трамп треба да го направи е „всушност да ја каже вистината“, пренесува Си-Ен-Ен.

– Признајте дека не сте во право. Тоа не е признание. Сите знаат дека не бевте во право. Тоа не ве чини ништо. Барем имајте храброст да го признаете тоа што сите веќе го знаат. Вие не бевте во право, рече Куомо.

Тој исто така го повика претседателот Трамп да почне да носи маска, порачувајќи: „Ако сакате да направите еден лесен чекор што ќе испрати силна порака, ставете маска“.

Куомо го критикуваше „недостигот на лидерство на Трамп за време на пандемијата“, истакнувајќи дека претседателот ја игнорирал сериозноста на вирусот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку девет луѓе се убиени во израелските напади во јужен Либан

Igor Trajkov

(Видео) Ирански дронови го нападнаа аеродромот во Кувајт – едно убиено лице, над 60 повредени

Igor Trajkov

Генерален 24 часовен штрајк ја парализира Португалија

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе