Вести Свет

Ќе остане ли Аја Софија музеј или ќе се врати во џамија?

Ќе остане ли славната Аја Софија музеј или ќе се врати во џамија? Одлуката ќе биде донесена од Врховниот суд во Турција, кој денеска ги сослуша иницијаторите цели 17 минути и ќе реши за 15 дена.

Судот треба да разгледа дали потписот на тогашниот претседател Кемал Ататурк на декретот од 1934 година со кој џамијата Аја Софија ја претвора во музеј е оригинален или лажен. Петицијата ја поднесе  малку познатото здружение за заштита на старите споменици, чиј 75-годишен претседател, Исмаил Кандемир, веќе 26 години се бори за пренамена на објектот во џамија.

Аја Софија е наше наследство од отоманскиот султан Мехмет Освојувачот. Тој го освоил Истанбул во 1453 и Аја Софија е најголемиот споменик од тоа време. Ја ПРИСВОИЛ Аја Софија за наследство и ја постепено ја пренаменил во џамија.  И во тој дух, тој рекол „Сакам Аја Софија да остане џамија до крај, смета Јунс Ѓенч, претседател на Младинската асоцијација на Анатолија.

Враќање во џамија на ова архитектонско здание од шестиот век и споменик на УНЕСКО, е децениска желба на турските националисти и исламисти. Но, истата ја разгоре претседателот Ердоган во предизборната кампања минатата година – што предизвика жолчни дебати во општеството. Многумина сметаат дека актуелниот музејски статус на „Аја Софија“  е одраз на секуларизмот во земјата. За аналитичарите, Ердоган сака да го сплоти десничарското крило во неговата партија кое полека почнува да се ситни.

  • Мислам дека Ердоган го чувствува притисокот што популарната поддршка му се намалува и затоа сака да ги искористи овие теми за кои се надева дека ќе ја ремобилизираат неговата десничарска база околу националистичките, популистичките, анти-елитистичките теми и да навлезе во Аја Софија, вели Сонер Кагаптај, аналитичар од Турција за Вашингтон Институт.

Остро се спротиставува и соседна Грција, тврдејќи дека ќе се нарушат христијанските религиозни чувства. Истиот став го има и Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Потенцијалното пренаменување на Аја Софија во џамија ќе сврти милиони христијани во светот против исламот, порача Вселенскиот патријарх Вартоломеј. 

Препорака до Турција да не го менува статусот на Аја Софија стигна и од Америка, на што Анкара реагираше дека станува збор за национален суверенитет.

„Аја Софија“ била најголемата христинска црква, изградена во шестиот век од Византијците, а во џамија е претворена по османлиското освојување на Цариград, во 1453 година. Ја посетуваат милиони туристи. Но и да биде вратена во џамија, според властите ќе остане отворена за посетителите.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Дејан Дејан

Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини

Дејан Дејан

Стабилно, суво и студено време – Временска прогноза за 19.2.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе