Забраната за свадби во време на пандемија ќе го падне и онака нискиот наталитет, велат свадбарските работници од Битола, кои денеска излегоа на мирен протест. Бараат да се укинат забраните за семејни веселби, да се уврдат протоколи и датум за нивно одржување. Велат дека овие настани сега се одржуваат во приватни објекти, без да се почитуваат мерките, па опасноста од ширење на заразата е поголема.
Во држава во која морталитетот е се поголем од наталитетот, штитејќи се од коронавирусот, со забраните уште посилно ќе удриме врз таканаречената белата чума, а народот ќе остане без проста репродукција. Самиот чин на раѓање деца, започнува со чинот на свадбата, рече Благој Мустриковски, фотограф.
Според нивни проценки годишно во Македонија се прават над 15 илјади свадби, а најголемиот дел од нив сега се откажани, па загрозена е егизистеницјата на голем број музичари, фотографи, цвеќари, слаткари и други услужни дејности кои се поврзани со овие семејни веселби.
Зошто концертите да можат да се одржуваат, а ние музичарите кои сме на работ на егзистенцијата, затоа што една година чекаме за овие свадби и веселби, Владата и Комисијата за заразни болести, не можат да најадат начин да ни излезат во пресрет, вели Заит Алиу, музичар.
Од Сојузот на стопански комори следната недела ја очекуваат одлуката на Комисијата за заразни болести дали економските оператори кои располагаат со големи сали за одржување прослави ќе отпочнат со работа. Тие испратиле дополнителни предлози до Комисијата со протколи кои веќе се утврдени за угостителски обејкти, но, велат немаат повратен одгвор. Од Стопанката комора, исто така нагласуваат дека економксите оператори кои се поврзани со овие семејни веслеби се во исклучително тешка сосотојба и најавуваат протести за спас на вршителите на овие дејности и сите вработени.
Емилија Мисирлиевска