Избори 2020 Македонија

Заев: Грешки се случуваат, но сум знаел секогаш да се коригирам

Лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев уште еднаш се извини за кажаното за Шарената револуција што се слушна во еден од објавените аудио материјали.

-Јас и јавно се извинив на Фејсбук, објавив Фејсбук статус достапен до сите. Сигурно и до граѓаните учесници во Шарената револуција кои ги следат Фејсбук објавите. Доказ за тоа каков сум навистина  покажуваат овие три години зад нас. Имавме одлична соработка, учевме од нив, тие се голем дел активисти во граѓанските организации, но многу голем процент од учесниците во Шарената револуција се граѓани неопределени во политичките партии… Секако после два часа и 17 минути седење во кафеана на слободен разговор се случуваат грешки. Сум знаел секогаш да се коригирам и овој пат се коригирам заради тоа што ниту сум го мислел тоа, ниту еве времето покажа дека сум имал некои непријатности во работењето. Напротив, имавме одлична соработка, изработивме заедно многу за нашата земја, рече Заев на новинарско прашање на прес – конференцијата пред Собранието по повод предавањето на предлог Преговарачката рамка во Советот на ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе