Со одлука на Владата галериите, музеите и изложбените простори ги отвораат вратите за своите посетители и „новата нормалност“. Борбата со Ковид 19 за жал не потсети и на некои нешта кои се бон тон во посетата на музеите и галериите, сметаат музејските работници.
Со новите протоколи вљубениците во уметноста при секоја своја посета треба да бидат свесни дека „новата нормалност“ подразбира носење заштитни маски, физичка дистанца и дезинфекција. Секако барем на некое време средбите на свечените отворања и гужвите во галериите се минато. За музејските работници некои нешта сепак се дискутабилни во тие протоколи:
Таа математичка равенка на 100 м 2 да имаме најмалку 15 посетители во нашите објекти коишто се од најмалку 2000 метри квадратни би значело дека би имале околу 200 лица во исто време, во време кое кризата со Короната е во висок пик не е погодна мерка и не е погодна рамка. Во нашиот првичен предлог беше дека повеќе од 5 лица не може да влезат во објектот и оттука ќе продолжиме со нашиот интерне протокол кој секако е во согласност и со протоколот и од Владата, вели Ана Франговска, виш кустос во НГСМ.
Борбата со Ковид 19 за жал не доведе во ситуација да потсетуваме за нешто што се подразбира вели Франговска. Да не се допираат експонатите, бидејќи сите површини при често допирање треба да се дезинфицираат.
Постојат и некои небулозни точки дека не смеат да се допираат експонатите. Се подразбира дека според бон тон при посета на музеи дека експонатите делата и скулптурите не се допираат , бидејќи тоа ги уништува самите дела од допирот од киселината човечка. Тоа се мерки во регуларни услови, не па сега, рече Ана Франговска, виш кустос во НГСМ.
Со овие мерки се подразбира поголем број лица за контрола на нивно спороведување. Се препорачува билетите да се плаќаат безконтактно со кредитни картички и онлине.
Нина Стефанова