Култура

Објавен петтиот број на стрип магазинот „ Деветка “

Во издание на издавачката куќа „Стрип Квадрат“,  излезе од печат петтиот број на стрип магазинот „Деветка“. Во овој број се застапени  стриповите  на нашите стрип автори  Игор Јовчевски, кој воедно ја изработи  и насловната страница (со колор на Никола Темков), и Јована Велинова,  со првонаградениот стрип  на конкурсот за наградата „Лифт“, што годинава по втор пат ја додели издавачката куќа „Темплум“.  Задната насловна страница ja  изработи  Ѓорѓи Атанасовски.

Покрај македонските стрип автори, во овој број се застапени и автори од Србија (Весовиќ, Стојановиќ, Радев, Микица, Страка, Крчмаревиќ), како и автори од Хрватска (Хуњак, Иванчиќ), и Босна (Хајдаревиќ), а воедно дел од нивни илустрации се наоѓаат во рубриката „Галерија илустрации“.

И во овој број не изостануваат текстуалните прилози, па така Александар Стеванов, во моментов можеби најактуелниот стрип критичар (со моментално објавени три книги од областа на стрипот), се претставува со свој текст „Деветка за една Деветка“, а Ивица Дукоски со стрип рецензијата „Декада на стрипот: Мутации, пермутации и Хиксвил“.

И покрај моменталната ситуација со пандемијата, стрип издаваштвото на издавачката куќа „Стрип Квадрат“ продолжува со вообичаено темпо, а до крајот на годинава во план се уште неколку стрип изданија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филмски журнали снимени во Македонија, пред 70 години, станаа дел од колекцијата на Кинотека

Дејан Дејан

Кинотека на Македонија го збогати фондот со значајни историски записи

Tea Dimkovska

Охридскиот театар прославува 15 години постоење со премиера на „ Оркестар Титаник“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе