Култура

Јубилејното „ Охридско лето“ ќе почне на 4 август

Поради пандемијата со корона вирусот, 60 јубилејно издание на фестивалот „ Охридско лето“, ќе започне на 4 август и ќе трае до 30 во месецот, информира директорката Наташа Поповиќ. Програмата ќе оди во живо, со почитување на протоколите од Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и Уредбата на Владата на Република Северна Македонија.

  • Сите настани ќе се одржат во живо и на отворено , на сцените на Античкиот театар, Долни Сарај и предворјето на црквата Света Софија. Капацитетите ќе бидат исполнети само 50% со гледачи,а  задолжително е носење маски и со дистанца и меѓу публиката и уметниците, потенцира директорката на фестивалот, Поповиќ. Билетите ќе се продаваат онлајн, но и на продажните места на „ Охридско лето“, а заинтресираните ќе треба да ги купуваат со почитување на меѓусебното растојание, еден по друг.

Содржините на фестивалот ќе бидат објавени на прес конференција за десетина дена, во присуство на селекторите на драмската и музичката програма на фестивалот, дополни директорката, Поповиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Концертот на Пласидо Доминго ја позиционира Македонија на светската културна сцена

Дејан Дејан

Концерт на џипси музика „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ под диригентската палка на Тимоти Редмонд

Дејан Дејан

Отворен повик за наградата на ЕУ за Ромската интергација 2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе