Култура

Скопско лето очекува побрзо донесување на препораките за фестивалот

Согласно Протоколот за спроведување на мерки за заштита од КОВИД-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани, донесен на 73-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, најавува дека веќе е подготвена програмата за 41-во издание на фестивалот „Скопско лето“. Во очекување на официјалното објавување на конкретните мерки, препораки, протоколи и одобренија кои би требало да бидат донесени во оваа смисла планираме Фестивалот официјално да започне во текот на следната седмица.

Сметаме дека е неопходно овие мерки и препораки да бидат што поскоро донесени затоа што сме убедени дека на тој начин не само што ќе се задржи традицијата на фестивалот кој зачекорува во својата петта деценија на континуирано одржување, истовремено заедно со уметниците учесници на „Скопско лето“ ќе придонесеме во внесувањето позитивна енергија кај публиката и граѓаните воопшто. Истовремено, „Скопско лето“ на кое оваа година ќе учествуваат само домашни уметници, ќе биде можност тие да излезат од повеќемесечната изолација.

Во наредните 30 денови следуваат концерти, изложби, театарски претстави, филмска програма, промоции на книги.

Притоа, строго ќе бидат почитувани мерките и протоколите издадени од здравствените и државните институции за заштита од коронавирусот: задолжително носење заштитни маски,  ограничен број на публика соодветно на просторот, оджување на физичко растојание, дезинфекција, онлајн продажба на влезници.

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, како организатор на „Скопско лето“ има изработено соодветни протоколи за секој простор одделно. Ја замолуваме публиката за разбирање и да се придржува кон овие мерки и протоколи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Концерт на џипси музика „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ под диригентската палка на Тимоти Редмонд

Дејан Дејан

Отворен повик за наградата на ЕУ за Ромската интергација 2025

Дејан Дејан

Издадени романите „Смртта на девојчето со кибритчињата“ и „Додека ја преминуваш реката“ на Зоран Фериќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе