Култура

Почина славниот композитор Корнелије Ковач

На возраст од 81 година во Белград почина славниот композитор Корнелије Ковач.

Ковач беше српски композитор, пијанист и аранжер. Роден е во Ниш во 1942 година, а својата прва композиција „Пусти Тротоар“(Пуст тротоар) ја компонирал кога имал 14 години. Членувал во многу босански оркестри, а беше и член на сараевската популарна рок група Индекси.

Потоа во септември во 1968 година Ковач се преселил во Белград каде ја формирал групата Корни група, која во 1974 година ја претставувала СФР Југославија на Евровизија.

Пишуваше музика за театар, филм и телевизија.

(фото: Youtube)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе