Култура

Започна 30 јубилејно издание на ФКТ „ Ристо Шишков“

Со изведба на претставата „ Глембаеви“, работена според романот на Мирослав Крлежа, во режија на Бранко Брезовац, а во продукција на НТ од Прилеп, синоќа во ЦК „ Антон Панов“ во Струмица, свечено беше подигната завесата на 30, јубилејно издание на Фестивалот на камерен театар „ Ристо Шишков“. Пред отворањето во фоајето на ЦК, беше отворена изложбата „ Лауреати“, која ги портретира сите 29 досегашни добитници на единствената награда за најдобар актер, што ја доделува фестивалот.

Во шесте фестивалски денови ќе бидат одиграни вкупно 9 претстави во натпреварувачката програма , со кои ќе се претстават македонски и театари од регионот. За добитникот на наградата за актерско остварување ќе одлучува жири со кое претседава актерката Ѕвездана Ангеловска, минатогодишен лауреат на ФКТ „ Ристо Шишков“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе