Култура

Почина Љубиша Никодиновски – Биш, долгогодишен директор на МОТ

На 73 годишна возраст, по долго боледување почина Љубиша Никодиновски – Биш- поранешен директор и селектор  на фестивалот Млад отворен театар и личност која стави свој печат во развојот и афирмацијата на алтернативниот театар во Македонија.

Љубиша Никодиновски беше еден од уредниците на младинското списание Фокус, актер во театарот „Кај Свети Никита Голтарот“, организатор на Отворениот театарски универзитет – Естетичката лабораторија при Филозофскиот факултет, еден од основачите, продуцент и актер на театарската работилница „Зелената гуска“ и раководител на театар „Центар“.

Биш е еден од основачите на меѓународниот театарски фестивал МОТ, негов долгогодишен уметнички директор и еден од основачите и генерален секретар на македонскиот центар на ИТИ-УНЕСКО, член на ИТМ. Биш беше и уредник на драмската програма во МКЦ до неговото пензионирање.

Автор е на различни текстови од областа на театарот, а во 2009 ја објави книгата „Алтернативниот театар во Македонија“.

Посмртните останки на Биш ќе бидат погребани в петок во 9 часот на Градските гробишта во Бутел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Спектаклот „Валкира“ од Вагнер за првпат пред македонската публика на 52-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе