Вести Македонија

Протест во кочанско поради ниската откупна цена на оризот

Ниската откупна цена на оризовата арпа и белиот ориз причина за нови протести на кочанските оризопроизводители. Бараат пред почетокот на жетвата да се одреди цената и средба со ресорниот министер и премиерот

Барањето им 40 денари за оризова арпа, а 80 за килограм бел ориз. Сметаат дека покачените репроматеријали за 100 и 200 % и со двојно зголемена цена на нафтата, производствените трошоци далеку ја надминуваат  откупна цена на нивниот род.Револтирани се што цената на оризот скокна на 150 денари за килограм на светските берзи, а кај нас цената не е покачена.

Низ кочанско, виничко и штипско поле посеани се 4.500 хектари под ориз, очекуваат приноси од 22.000 тони, но поради болест во однос на лани очекуваат да потфрлат приносите.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

Спасувачките екипи во Венецуела сѐ уште ги пребаруваат урнатините и 10 денови по двата разорни земјотреси

Дејан Дејан

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе