Вести Економија Топ вести

Нов ценовен шок, инфлацијата во јуни 14, 5 отсто

Нов рекорд на инфлацијата од 14, 5 проценти во јуни, во споредба со јуни лани измери статистика. Кај храната најголемо поскапување има кај маслото од над 50 отсто, кај лебот од 30 проценти. За околу 20 отсто зголемување на цената има кај млекото, сирењето, јајцата. А месото поскапело за 18, 4 проценти. Експертите се сериозно загрижени за состојбата со инфлацијата. Предлагаат државата да ја прошири листата со мерки, кои треба да го ублажат ударот.

Мерките кои се преземени сметаме дека треба да продолжат за да може, на некој начин, да се држи во место трендот на секојдневен раст и да се воведе замрзнување на цените, вели Сузана Јодрановска, Претседател  на универзитетскиот сенат на УМТ.

Народната банка пак да продолжи со рестриктивна монетарна политика, за намалување на инфлаторните притисоци.

Гледаме дека се зголемува стапката на НБРМ, но и има притисоци од разни групи синдикати за зголемување на плати што е нормално. Владата ја има и оваа фунцкија на стабилизација на економијата кога не е стабилна. Ние имаме препорака, монетарната политика да биде порестиктивна, но и Владата да води внимателни експанзивни политки, вели Рилинд Адеми, професор по економија.

Дел од експертите претходно предупредија на ваков ценовен шок, со оглед на тоа што се донесе  одлука привремено да бидат прекинати антикризните мерки. Но кон средината на јуни повторно се вратија ограничените маржи, а се укинаа и дополнителните трошоци. НБРМ пак од почетокот на годинава, три пати ја зголеми основната каматна стапка од која зависат какви ќе бидат каматите на кредитите и депозитите кај останатите банки. И меѓународните финансиски институции предупредуваат на продлабочување на инфлацијата, но и дека постојат ризици од рецесија.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е само почеток на заеднички настапи на нашите оркестри – рекоа од македонската, софиската и грчката филхармонија пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе