Вести Економија Топ вести

Светска банка ја ревидира проекцијата за растот на македонската економија на 2,7 отсто за годинава

Светска банка предвидува раст на бруто домашниот производ на Македонија од 2,7 проценти годинава и 3,1 отсто во 2023 година.

Светска банка, во јунскиот извештај за глобалните економски изгледи, ги намалува претходните економски проекции за земјава, годинава за 1.0 отсто, а за 2023 за 0.3 проценти.

Економскиот раст во 2024, според проекциите на СБ, ќе достигне 3,2 отсто.

Прогнозата за глобалниот раст за 2022, пак, е намалена за речиси третина, на 2,9 отсто. Главни причини за тоа се рускиот напад врз Украина и штетите предизвикана од пандемијата Ковид-19, кои придонесоа многу земји сега да се соочуваат со рецесија.

Војната во Украина ја забави глобалната економија, која сега влегува во период на слаб раст и растечка инфлација, со можност за натамошно влошување.

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас предупреди дека глобалниот раст годинава би можел да падне на 2,1 отсто, во 2023 година на само 1,5 проценти.

Малпас посочи дека глобалниот раст е попречен од војната, новите ковид локдаун мерки во Кина, прекините во синџирите на снабдување и растечкиот ризик од стагфлација, односно периодот на слаб раст и висока инфлација, кој последен пат е забележан во 70-тите години од минатиот век.

Денес постои висок ризик од стагфлација. Бавниот раст веројатно ќе трае цела деценија поради слабите инвестиции во поголемиот дел од светот. Имајќи предвид дека инфлацијата сега е на повеќедецениско високо ниво во многу земји и се очекува понудата да расте бавно, постои ризик инфлацијата да остане висока подолг период, вели Малпас.

Светска банка предвидува дека темпото на глобалниот раст меѓу 2021 и 2024 година ќе забави за 2,7 процентни поени, што е повеќе од двојно од забавувањето забележано помеѓу 1976 и 1979 година.

Во извештајот, исто така, се предупредува дека зголемувањето на каматните стапки за да се стави инфлацијата под контрола кон крајот на 1970-тите беше толку големо што предизвика глобална рецесија во 1982 година и серија финансиски кризи на пазарите и во економиите во развој.

Постои реална опасност дека заострувањето на финансиски услови побрзо од очекуваното, би можело да турне некои земји во должничка криза како што беше во осумдесетите години, предупредува Светска банка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 11.000 слободни места за втор уписен рок во средните училишта

Дејан Дејан

Македонски државјанин призна убиство на Гркинка на Крит

Дејан Дејан

Истрага за полов напад врз малолетно лице во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе